Отчет за 2023 година

0

ШТО НАПРАВИВМЕ ВО ТЕКОТ НА 2023 ГОДИНА?

Оваа година менаџерскиот тим на училиштето спроведе низа проекти/зафати нашето  со цел подобрување на условите во училиштето како за учениците така и за професорите и сите вработени.

  1. Целосно е реновирана помошната просторија во училиштето – извршено е молерисување, поставени се венецијан ролетни на прозорите,  набавена и монтирана е нова кујна а обновен е и куњскиот прибор;
  2. Набавена е опрема за подобрување на хигиената во училиштето (машина за перење, индустриска правосмуклака и сруги средства и материјали)
  3. Набавени се нови принтери и принтер во боја;
  4. Комплетно е променета водоводната и канализационата мрежа, поставени се нови санитарни плочки, поставени се нови санитарни елементи, нови врати, како и целосна реконструкција на ѕидовите и плафонот);
  • Набавени лаптоп – компјутери за сите наставници и стручни соработници;
  • Набавена е опрема за ладење и греење – поставување на инвертер клима уреди во училниците и канцелариите;
  • Набавени се нагледни средства, спортски реквизити и книги за библиотеката;
  • Поставување на телевизор во холот на училиштето со цел промовирање на учениците, реализирање на презентации и слично;
  • Набавка и поставување на алуминиумска врата во спортската сала, поставување на веницијан и вариолајт завеси;
  • Набавени се двa  интерактивни панели – Вложуваме во иднината на младите, вложуваме во квалитетно образование;

Во соработка со Општина Македонска Каменица обезбедена е финансиска помош во реализирање на проектор – реконструкција на тоалетите во училиштето, како и поддршка за организирање на активности и настани во училиштето.

Во соработка со рудник САСА обезбедена е донација од 4 интерактивни клима уреди.

Остави коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се маркирани како *