Отчет

0

Отчет за 2018 година
2018 година за нашето училиште беше доста успешна и можеме да кажеме дека завршиме голем број на проекти.
Во продолжение ќе ги наброиме:

-опремен кабинетот по информатика со 16 нови компјутери,
-набавени се нови лап топ компјутери за беспрекорно одржување на наставата,
-опремени училници со телевизори преку кои се врши настава на учениците,
-набавен е разгласен систем
-од самото осамостојување за прв пат се изврши белење на сите училници,
-реновирани три училници со спуштање на плафони (се со цел да подобро затоплување на училниците),
-направена е летна училница за час во природа,
-реновирање и проширување на наставничката канцеларија и преуредување со нов инвентар и ламинат,
-набавка на автоматска машина за рибање и сушење на под,
-набавка на наставни помагала и книги во библиотеката,
-оградување на спортското игралиште во дворот на училиштето,
-нова ПВЦ врата кај малата спортска сала.
СИТЕ ОВИЕ ПРОЕКТИ СЕ ФИНАСИРАНИ ОД БУЏЕТОТ НА СОУ “МИЛЕ ЈАНЕВСКИ ЏИНГАР”

Во соработка со Рудник САСА и Општина Македонска Каменица реализирани се следните проекти:
-Реконструирано спортско игралиште( школски двор),
-Комплетно опремени 5 училници (нови клупи, столови, телевизори, компјтери и бели табли),
-довршено е оградувањето на целиот училишен двор.

СИТЕ ОВИЕ ПРОЕКТИ СЕ ЗАВРШЕНИ ЗА МАНДАТ ОД ЕДНА ГОДИНА.

Остави коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се маркирани како *