Соопштение за вонредни кандидати

По препорака на Владата и поради преземените мерки за заштита од корона вирусот во СОУ„Миле Јаневски Џингар”- М.Каменица во наредниот период полагањето на вонредните кандидати ќе се реализира преку далечинско учење или учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација. Средствата за електронска комуникација ќе овозможат реализирање на полагање без физичко присуство на кандидатите и членовите на комисиите. Средствата за електронска комуникација можат да бидат сите системи за електронска размена на податоци ( Viber, Мesinger, Skype, e-mail…). Кандидатите на следниот мејл bile_kostevska @yahoo.com можат да добијат контакти од наставниците/ членови на комисијата за предметот кој се полага, со кои ќе се договорат за начинот и терминот за полагање.Од 01 – 10.04.2020 ќе започне пријавувањето за априлската сесија кое ќе се одвива електронски.На пријавата и записникот задолжително да се додадени телефон или e-mail на кандидатот. Пополнетата пријава, записник и слика од уплатницата кандидатите ќе ги доставуваат на следниот e-mail bile_kostevska @yahoo.com Априлската сесија ќе се реализира во периодот од 15.04. до 30.04.2020. во договор со наставниците членови на комисиите.Во прилог се следните документи:Сметка на училиштетоПријава и записникКомисии за вонредно полагањеЛица за контакт:Педагог Билјана Стојковска bile_kostevska @yahoo.com