С О О П Ш Т Е Н И Е

Им се соопштува на учениците и вработените во училиштето, дека по повод Велигденските празници нема да има настава и нема да се работи во деновите 17.04.(петок) и 20.04.(понеделник) 2020 година. Со настава на далечина која е задолжителна продолжуваме на 21.04.2020 година (вторник), според распоредот за почеток на наставата на далечина по класови и распоредот на часови по предмети. Почитувани вработени, ученици, родители и пријатели Ви ги честитаме Велигденските празници и посакуваме со Божја воља што побргу да се надмини проблемот со пандемијата од корона вирусот и во најбрзо време да се вратиме во нормалниот живот, работа и настава. Имајте убав празничен викенд. СОУ “Миле Јаневски Џингар“-М.Каменица