Спортот не претставува само физичка активност, тој го буди човековиот ум!

0

Петар Доневски е ученик во нашето училиште кој активно се занимава со спорт од 10 годишна возраст. Неговото слободно време го исполнува со спортовите: тенис, трчање и скијање. Тенисот му помага во подобро размислување, додека пак трчањето му помага за ментална релаксација.

Овие спортови ги сака поради одржувањето на неговата физичка кондиција. Пред предвидното време за трчање и играње тенис тој добро се загрева посочувајќи дека тоа е најважно. Мотивацијата ја црпи од идејата дека секој истрчан километар ја подобрува неговата издржливост и му помага во ослободување од стресот.

Според Петар, спортот кој му дава чувство на слобода, адреналин и уживање во природата е скијањето. Основните знаења за скијањето ги добил од неговиот татко, кој пред сѐ го научил на важност на техниката и безбедноста во овој екстремен спорт. Само една скијачка патека би била доволна за почеток на нова приказна и идеален начин да се доживее зимската магија во нашата општина. Активното занимавање со спорт е клучно за здрав живот и ги учи младите на дисциплина и здрави навики. Тоа е мотото на Петар.

Остави коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се маркирани како *