„Првата помош спасува живот“

0

На ден 02.2.2024 г. (петок), општинската организација на Црвен крст Делчево, во СОУ “Миле Јаневски Џингар” – М. Каменица одржа обука која е дел од кампањата за прва помош под мотото “Првата помош спасува живот”.

На обуката присуствуваа сите ученици од прва година и дел од наставниците, а истата беше одржана од страна на Антица Стоименовска Ивановска и Елена Петровска. Целта на оваа кампања е да се едуцираат поголем број на ученици и наставници со основните вештини по прва помош.

Остави коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се маркирани како *