СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица успешно ја заврши 2024 година, остварувајќи ја визијата за современо и квалитетно училиште.
Ви ги презентираме завршните проекти на училиштето:
Набавени се пет интерактивни панели – Вложуваме во иднината на младите, вложуваме во квалитетно образование;
Набавени се 21 персонални компјутери за потребите на Кабинетот по информатика и канцелариите;
Отворен е нов простор како медијатека во училиштето опремен со рафтови за книги, конференциска маса со нови столици, биро, интерактивен панел, компјутер со интернет и богат книжевен фонд, литература, екциклопедии, прирачници и речници;
Набавени се нови училишни маси и столици за учениците;
Набавени се конференциски и канцелариски столици за потребите на канцелариите и медијатеката.
И на крај да оставиме делата да заборуваат!