ШТО НАПРАВИВМЕ ВО ТЕКОТ НА 2024 ГОДИНА?
СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица успешно ја заврши 2024 година, остварувајќи ја визијата за современо и квалитетно училиште.
Ви ги презентираме завршните проекти на училиштето:
-Набавени вкупно 5 интерактивни панели;
-Замена на доатраените прозори на дел од први кат на училиштето;
-Реконструкција на влезот на училиштето и подот на две училници;
-Набавени 21 персонални компјутери за потребите на Кабинетот по информатика и канцелариите;
-Реализирани семинари и интерни обуки за надоградба на вештините на професорите;
-Набавка на нагледни средства, спортски реквизити и книги во библиотеката;
-Отворен е нов простор како медијатека во училиштето опремен со рафтови за книги, конференциска маса со нови столици, биро, интерактивен панел, компјутер со интернет и богат книжевен фонд, литература, екциклопедии, прирачници и речници;
-Поставени се нови вариолајт завеси со вкупна површина од 160 m2 во училниците и канцелариите;
-Набавени се нови конференциски и канцелариски стоилци;
-Набавени се нови шкафчиња, училишни маси и столици;
-Набавено е електрично пијано за потребите на училишнио хор.