ШТО НАПРАВИВМЕ ВО ТЕКОТ НА 2023 ГОДИНА?
Оваа година менаџерскиот тим на училиштето спроведе низа проекти/зафати нашето со цел подобрување на условите во училиштето како за учениците така и за професорите и сите вработени.
- Целосно е реновирана помошната просторија во училиштето – извршено е молерисување, поставени се венецијан ролетни на прозорите, набавена и монтирана е нова кујна а обновен е и куњскиот прибор;
- Набавена е опрема за подобрување на хигиената во училиштето (машина за перење, индустриска правосмуклака и сруги средства и материјали)
- Набавени се нови принтери и принтер во боја;
- Комплетно е променета водоводната и канализационата мрежа, поставени се нови санитарни плочки, поставени се нови санитарни елементи, нови врати, како и целосна реконструкција на ѕидовите и плафонот);
- Набавени лаптоп – компјутери за сите наставници и стручни соработници;
- Набавена е опрема за ладење и греење – поставување на инвертер клима уреди во училниците и канцелариите;
- Набавени се нагледни средства, спортски реквизити и книги за библиотеката;
- Поставување на телевизор во холот на училиштето со цел промовирање на учениците, реализирање на презентации и слично;
- Набавка и поставување на алуминиумска врата во спортската сала, поставување на веницијан и вариолајт завеси;
- Набавени се двa интерактивни панели – Вложуваме во иднината на младите, вложуваме во квалитетно образование;
Во соработка со Општина Македонска Каменица обезбедена е финансиска помош во реализирање на проектор – реконструкција на тоалетите во училиштето, како и поддршка за организирање на активности и настани во училиштето.
Во соработка со рудник САСА обезбедена е донација од 4 интерактивни клима уреди.