Не дизајнираме облека,туку соништа

0

Нашите ученици, заедно со ученици од други текстилни училишта конечно ја финализираа завршната модна ревија, претставувајќи ги своите модели од темата “Одржлива мода”. Темата и задачата беше претставена од модната дизајнерка Ирина Тошева.

Текситлни фирми од нашата општина понудија материјали за изработка на моделите кои нашите ученици ги изработија под менторство на нивните професори. Настанот беше одржан во Дом На Млади – Штип каде учениците имаа можност да ги претстават своите креации. Сето тоа беше реализирано благодарение на Текстилниот кластер и Текстилните компании.

Честитки на нашите идни модни дизајнери.Горди сме на вас.

Остави коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се маркирани како *