На 24 декември 2021 година (петок) во нашето училиште со одржа Отворен ден по граѓанско образование. Овој настан е во соработка со Центарот за стручно образование и обука (ЦСОО), во соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) и има за цел поддржување на работата на ученичките заедници во средните стручни училишта и поттикнување на нивното демократско учество во училиштата, преку спороведување на ученички иницијативи.
За таа цел нашето училиште организираше Новогодишен базар од хуманитарен карактер. Собраните парични средства ќе бидат доделени на наши ученици кои се со потешкотии и пречки во развојот. Голема благодарност до сите ученици и наставници кои земаа учество во оваа активност.