Училиште во кое успешно се имплементира Концептот за Учење преку работа со дуално образование е ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес. Проектот во училиштето се реализира во соработка со компаниите БРАКО и МАРКАРТ, а со поддршка од Германското стопанство во Република Северна Македонија и Министерство за образование и наука.
Со цел да се согледаат придобивките од дуалното образование и можноста за имплементација на истото во нашата Општина, беше остварена средба помеѓу претставници на МОН и претставници на Општина Македонска Каменица предводени од Градоначалничката Соња Стаменкова, претставници на СОУ „Миле Јаневски Џингар“, како и претставници на Рудници „Саса“ и компанијата контрактор “Епирог”.
Како гости, ги посетија машинската и автомеханичарската работилница во училиштето и се запознаа со работата на паралекатата во која се реализира програмата за дуално образование. Во таа насока беаше остварена и посета на фирмите партнери во Дуалното образование, БРАКО и Маркарт.
Прием и презентација на можностите кои ги нуди Дуалното образование беа организирани во компаниите Маркарт и БРАКО од Велес.
Во Брако гостите беа примени од страна на Кочо Анѓушев, кој ги запозна гостите со дејноста на фирмата и производниот процес, како и начинот на кои учениците од првата генерација на техничари за производно машинство ја изведуваат практичната работа, односно учењето преку работа кај работодавач.
На средбата од страна на гостите беше нагласено дека Дуалното образование им овозможува на учениците во училиштето да добијат квалитетно образование, а преку практицирање во компаниите да стекнат чувство за реалната работа што би требало да ја извршуваат во иднина по вработувањето.
Исто така, градоначалничката Соња Стаменкова нагласи дека “Успешните пракси во овој образовен центар, се позитивен пример при имплементирањето и спроведувањето процесите во Дуалното образование и во општина Македонска Каменица”. Се надевам дека денешната средба ќе создаде дополнителни можности за доближување до имплементација на овој проект во образовниот центар во Македонска Каменица”.
“Придобивките од Дуалното образование, како новитет во работењето на компаниите и креирањето на работни места за квалификувани млади работници отвара нови можности и перспективи за нашата заедница, но и обврски на сите нас, како чинители во овој процес”, – додаде градоначалничката Стаменкова